Театарската претстава „Ожени ме“, во режија на Роберт Ристов, вечерва во 20 часот ќе се изведе во Културно-информативниот центар во Скопје.

Улогите ги толкуваат Изабела Јакимова и Бранко Атанасов.

Драматизацијата е работена по мотиви на урбаните сценарија: „Ожени ме“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.

Актерите од оваа претстава се прогласени со наградата „Најдобар актерски пар“, на Фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ – Неготино. Времетраењето на претставата е 60 минути.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.