На Фестивалот „Позоришно пролече“ кој се одржува во Шабац“, претставата „Ана Каренина“ во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на театарот во Нови Сад е апсолутен победник.

Синоќа, 17.04.2022 година на завршната вечер на Театарскиот фестивал „Театарска пролет“ во Шабац, Србија, свечено беше прогласен апсолутниот победник на Фестивалот, претставата „Ана Карењина“ според романот на Толстој, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во продукција на Новосадско Народно Позориште – Нови Сад. Преставата на нашиот Пројковски, еден од најнаградуваните и најпродуктивните македонски театарски режисери на Балканот, ги доби наградите за најдобра претстава во целина, за најдобра режија – Дејан Пројковски, за најдобар актер – Арпад Месарош, за најдобра актерка – Тимеа Филеп.

„Ана Карењина“, која настапуваше во конкуренција со претставите, меѓу другите и на Српско народно позориште – Нови Сад, Ателје 212 – Белград и Београдско народно позориште – Белград, ја оценуваше навистина релевантно жири, во состав Зијах Соколовиќ, Слаѓана Килибарда и Ирфан Менсур.

Наградите на Театарскиот фестивал „Театарска пролет“ се последни во низата од 22-те награди кои овој врвен театарски продукт на Пројковски ги доби во последните две години (премиерно е изведен во ноември 2019 година) во Србија и во странство. Имено, „Ана Карењина“ ги понесе наградите на сите релевантни фестивали во Србија во изминатите две години, како што се фестивалот на професионални театри на Војводина, „Тврѓава“ фестивал, на фестивалот „Борини театарски денови“ во Врање… Актерката Марта Береш, пак, за улогата на Ана Карењина е прогласена и за најдобра актерка во Унгарија.

Со овие награди, „Ана Карењина“ е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско народно позориште – Нови Сад, а истовремено го вбројува македонскиот режисер Дејан Пројковски во редот на најзначајните театарски режисери на денешнината, не само во Македонија туку во целиот регион.

1. Награда за најдобра представа

АНА КАРЕЊИНА, Лав Николајевич Толстој, во режија на Дејан Пројковски и продукција на Новосадскиот театар.

2. Награда за најдобра режија

Дејан Пројковски, за режија на представата Ана Карењина, Лав Николајевич Толстој, во продукција на Новосадскиот театар Ujvideki Szinhaz.

3. Награда за Љубиша Јовановиќ – за најдобра машка улога

Арпад Месарош за улогата на Алексеј Вронски во претставата Ана Карењина, Лав Николајевич Толстој, режија на Дејан Пројковски, во продукција на Новосадскиот театар Ujvideki Szinhaz.

4. Награда за најдобра женска улога

Тимеа Филеп, за улогата на Ана Каренина во представата Ана Каренина, Лав Николајевич Толстој, режија Дејан Пројковски, во продукција на Новосадскиот театар Ujvideki Szinhaz

Жири: Зијах Соколовиќ, Слаѓана Килибарда и Ирфан Менсур.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.