В среда, на 15 јуни во 20 часот на малата сцена на Драмски театар премиерно ќе биде изведна претставата „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, а во режија на Теа Беговска.

Претставата „Вернисаж“ е смешен коментар на маргинализираниот човек. „Брачен пар, тотално заслепен, маѓепсан од материјализмот и конзумеризмот на животниот век, станува жртва на еден добро обмислен општествен систем. Станува збор за конвенционален свет во кој дури и среќата е на некој начин организирана – вели режисерката Беговска.

Во претставата играат: Роберт Вељановски, Предраг Павловски и Гордана Ендровска.

Сценограф е Енес Деари а визуелизацијата и анимациите се на Милчо Узунов. Композитор е Енес Беговски, а костимограф Раде Василев.

Во „Откривање” или „Вернисаж” на љубовта како највисока човечка свест е исто така организирана и однапред испланирана. Нивниот нов „проект” за конвенционализирање е пријателот кој им доаѓа на гости. Брачниот пар го „напаѓа” со помпезно фалење и расфрлање со коментари за нивниот прекрасен живот и „откривање” на нивните изложени антиквитети. Среќата како емоција овде е „изглумена”, преглумена, нема никаво суштинско и природно значење. А денес одредени емоции, меѓу кои и среќата, играат во интерес на креаторите на опшетстевните состојби, и нивна основна задача е одржување на овие состојби. Во суштина нивната главна улога е: маѓепсување, успивање, оржување на ниско ниво на свест кај сеопштата толпа. На овој начин се креира еден вештачки свет на вештачко однесување, вештачки начин на живот, вештачки брак. И во тој вештачки свет имаш само еден избор – да станеш и ти вештачки ако сакаш да се вклопиш во тој систем. Главната парадигма е – вклопи се за да преживееш, вели Беговска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.