Вечерва во 20 часот, на сцената на Театар за деца и младинци е закажана премиерата на хорор-комедијата „Куќа на духовите“, прва кај нас, наменета за деца над осум години. Автори на претставата се Деан Дамјановски и драматургот Горјан Милошевски, а режијата е на Дамјановски.

Во претставата играат: Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Винета Дамческа Мојаноска, Никола Наковски, Емра Куртишова Стојанова, Симона Спировска и Марија Ѓорѓијовска.

Две деца, едното плашливо, а другото голем инат, го бараат нивниот исчезнат татко во „Куќата на духовите“.Таа куќа, замислете ја како еден возбудлив дел од голем забавен парк. Во неа ве очекуваат непредвидливи случки и смешни стапици. Заедно со Јаков и Веда, сите одиме на пат во кој тие совладуваат неверојатни пречки. Низ тој пат следиме уникатна и многу забавна битка меѓу доброто и злото. Што всушност крие куќата? Каква тајна? Какво проклетство? Дали постои клуч, некаков спас и решение?, вели драматургот Милошевски во најавата за претставата.

Претставата изобилува со уникатни костими на костимографката Елена Вангеловска и одлична сценографија на Филип Коруновски. Музиката е на Горан Трифуновски-Пајак.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.