Во театарот „Војдан Чернодрински“ денес се одржа прес конференција на која беше најавена премиерата на претставата „Круг“ во режија на Јован Ристовски, што ќе се одржи утревечер од 20.00 ч. Претставата е работена по текстот на Едвард Олби „ Дамата од Дебјук“. Во истата играат: Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Димитар Црцороски, Наташа Ачански, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Димитар Ѓоргиевски, Марија Илијеска. За сценографијата и изборот на музика се погрижи Јован, а костимографијата е на Андреј Ѓоргиевски.

Претставата е трагикомедија која влегува во надреализам и говори за распад на еден брак, семејство, заедница, општество. Зборува за тоа дека луѓето се направени себични, безобзирни и дека човештвото се наоѓа на раскрсница и треба да се испитаме- каде одиме“, истакна на прес конференцијата режисерот Ристовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.