В сабота, на 18 мај, на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје премиерно ќе се одигра претставата „Парови“  во режија на Ивана Ангеловска.

Претставата „Парови“ е работена по текст на авторката Ана Ристоска Трпеноска.

Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер.

Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите се на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.