Драматичната опера „ПАЛЈАЧИ“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 23 ноември 2022 со почеток во 20.00 часот.
Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт – мајстор: Верица Ламбевска, хор – мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.
Настапуваат: Ѓорѓи Цуцковски, Дешира Амети – Крлиу, Марјан Јованоски, Јане Дунимаглоски, Драган Ампов. Балетските солисти: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска.
Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.