Проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите денеска премиерно во 20 часот ќе се изведе во оркестарска верзија во салата „Музикферајн“ во Виена.

Во аранжман на композиторот Панде Шахов, квинтетот во чиј состав се и Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев ќе ги изведе бисерите на македонската традиционална музика заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар, под диригентство на Јутака Садо од Јапонија.

фото: КултурОп

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.