На 19 ноември (сабота) во Тафталиџе, спроти основното училиште „Јан Амос Коменски“ на ул.„Варшавска“ бр. 23 ќе се одржат премиерни изведби на перформативната инсталација „Градот како сцена – Изгубени модернистички утопии“, со почеток од 12:00 и 13:30 часот, во рамки на 47. издание на Млад отворен театар (МОТ).

Автори се Филип Јовановски и Миодраг Куч.

Учесници/истражувачи/изведувачи во досегашниот (2021-2022) процес: Миодраг Куч, Филип Јовановски, Јана Брсакоска, Љубиша Арсиќ, Симона Димковска, Кристијан Караџоски, Борис Бакал, Културно ЕХО, City Scope, Луна Шаламон, Дениз Ајдаревиќ, Деница Стојковска како и студентите од архитектонски факултет Скопје: Тамара Џерков, Димитар Милев, Сандра Николовска, Бојана Исијанин, Стефан Танков и студенти од Факултетот за Драмски уметности Скопје: Александар Јовановски, Мартина Данаиловска, Марија Талеска, Мартина Петреска, Иван Вртев.

Продукција е на Борис Василески, Ивана Васева е кураторска поддршка. Музичка интервенција: Дуо „Алембик“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.