Македонскиот театарски и филмски режисер Александар Поповски, кој успешно создава театарска магија и надвор од границите на нашата држава, најде инспирација токму во Молиеровото дело, „Дон Жуан“ и го постави на сцената на Националниот театар на Унгарија во Будимпешта, а чија премиера се одржа на 8 ми февруари.
Во претставата учествуваат уште двајца Македонци и тоа костимографката Миа Поповска и композиторот Марјан Неќак.
Лицемерието е модерен грев, и како и сите модерни гревови, се смета за доблест, вели Александар Поповски, кој токму на оваа сцена во Будимпешта пред две години го постави делото на Булгаков, „Мајсторот и Маргарита“.
Ова не е прв пат Поповски да го поставува ова Молиерово дело на сцена, имено во 2005 -та го постави на сцената на Драмскиот театар Скопје. Главната улога, во најновата претстава ликот на Дон Жуан, ја толкува актерот Рибед Роланд .
Оваа година во Будимпешта се одржува Меѓународната театарската олимпијада па така и најновата претстава на Поповски ќе биде дел од тој голем театарски настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.