На 21.02.2023 година, во Кинотека на Македонија, од 17 часот ќе се одржи премиера на документарниот филм „Посеана надеж“На премиерата ќе се обрати Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир и тим лидерката на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“, Барбара Садовска.

Режисер на филмот е Костадин Анастасов, а директор на фотографија е Фејми Даут. Документарниот филм е снимен на повеќе локации и во него учествуваат 15 социјални претпријатија, кои преку своите емотивни приказни не уверуваат дека и во нашата земја постојат претпријатија кои се темелат на солидарност и желба да се помогне на  маргинализираните групи, вклучувајќи ги во општеството. Социјалното претприемништво кај нас е во зародиш, но овие претпријатија се семки на надеж кои допрва ќе се развијат, овозможувајќи им на ранливите лица нови можности.     

Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ е финансиран од ЕУ, имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.