Вечерва во Алабанскиот театар во Скопје (20 часот) премиерно ќе биде изведена претставата „Диво месо“, по култниот текст на Горан Стефановски и во режија на Мартин Кочовски.

„Диво месо’ е кратка историја на подемот и падот на индивидуата од почетокот на минатиот век до денес, со субјективна визија за судбината на индивидуата во блиска иднина. Горан Стефановски ни обезбедува простор во кој можеме безбедно да се вратиме на првичното ‘наше’, човечко постоење и делување и со забележителен успех нѐ потсеќа дека човекот и никој друг е во центарот на светот и нештото. Сега кога конечно е завршено со постмодерната уметност и со ‘третата модерна’, а неокласицизмот се бори за здив, се издига новата ренесанса. На таа основа и во околности на глобална општествена безизлезност неизбежно е да се бавиме со ‘Диво месо’“, вели режисерот Кочовски.

Играат: Бајруш Мјаку, Амернис Нокшиќи, Дритеро Аме, Џевдет Јашари, Сабина Мемиши Асланај, Рахим Рамадани, Генци Мирзо, Хетем Етеми, Ментор Курти и Арбен Расими.

Сценографијата е на Енес Деари, костимите на Едлира Ќушка, а музиката – на Оливер Јосифовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.