Во Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје денеска ќе се одржи Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач”, во организација на Катедрата за албански јазик и книжевност.

Како што е најавено, на конференцијата воведно обраќање ќе има проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на УКИМ, проф. д-р Исмет Османи, раководител на Катедрата за албански јазик и книжевност, проф. д-р Јоана Хаџи-Лега Христоска, раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности, академиците Влада Урошевиќ и Абдулменаф Беџети од МАНУ и проф. д-р Скендер Асани од Институт за духовно и културно наследство на Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.