Во среда, на 30 август, во Центарот за култура Куманово, во малата сала, во 18:00 часот премиерно ќе биде изведена детската театарска претстава „Црвенкапа“.
Во претставата играат актерите: Александра Михајловска, Анастасија Величковиќ, Матеј Стојковски, Никица Јанковски и Владанка Крстевски. Режијата е на Бојана Краљевска. Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се на Кети Пауновска Стефковска во изработка на Дарко Илиевски, музика Јован Цветковиќ и драматургија Сашо Костовски.
Вечната приказна за Црвенкапа, приказната за доброто и лошото, која се игра во сите театри ќе биде вистинско освежување за најмалите на нашиот репертоар во Куманово. Интересот за детските претстави е секогаш голем кај кумановската публика“ соопштија од раководството на Театар Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.