Преставата „Приказна за фамилијата Мраз” ќе биде премиерно изведена денеска и утре со кино „Милениум“.
Главните актери во преставата, Ненад Митевски, Бојан Кирковски и Наташа Петровиќ кој помладата публика добро ги препознава од своите омилени претстави во нивниот матичен „Театар за деца и младинци“, ќе се обидат на комичен, едукативен и забавен начин ја пренесат новогодишната магија кон најмладата публика.
Преставата говори за магичен свет, во кој постојат двајца „Дедо Мразовци“. Преку ликовите, најмладите ќе се запознаат подобро со “проблемите со кои се соочуваат двајцата помошници на Дедо Мраз, Тони и Ѕвони”, како и незгодите и збрките кои ќе ги предизвикаат помошниците на братот на Дедо Мраз, Црни и Токсик чија намера ќе биде “да се упропасти Новата Година”.
„Приказната за фамилијата Мраз“ е претстава која е ко-продукција меѓу Скопје Комеди и новоформираната екипа „Весели Ирваси“.
Билети за преставата може да се најдат на онлајн линкот за продажба www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на киното Милениум по цена од 300 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.