В сабота (20 часот) на цената на Народен театар Битола е закажана премиерата на претставата „Демони“ од Ларс Норен во режија на Васил Христов.

Во „Демони“ улогата на Катарина ја толкува актерката Илина Чоревска, улогата на Френк ја толкува актерот Огнен Дранговски, а на сцената под ротација во битолскиот театар ќе настапат и актерите Марија Стефанова и Здравко Стојмиров.

Претставата „Демони“ е интимна модерна анти-бајка за две двојки, навидум сосема различни но поврзани во несреќата, траумата, неможноста да љубат…Првата премиера во новата театарска сезона всушност е и прва изведба на „Демони“ на македонската театарска сцена, информираа од НУ Народен театар-Битола.

Делото на Ларс Норен „Демони“ за премиерната претстава на НУ Народен театар-Битола, превод од англиски на македонски јазик направи Снежана Плушковска, сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, а костимите, Андреј Ѓоргиевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.