Во Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската премиера на „Госпоѓиците од Авињон“ – балет во девет слики.

Настапуваат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии и Ендру Кук.

Музиката е на Калиопи Букле, кореографијата и режија се на Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, асистенти на кореографот се Горан Божинов, Саша Евтимова, а костимограф е Раде Василев. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.