Балетската премиера на „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“, балет во девет слики ќе се одржи на 9.3.2022 – 20.00 часот.

Музика: Калиопи Букле
Кореографија и режија: Олга Панго
Либрето и драматургија: Сашо Димоски
Асистенти на кореографот: Горан Божинов, Саша Евтимова
Костимограф: Раде Василев
Сценограф: Валентин Светозарев
Мултимедија и дизајн: Емил Петров
Дизајн на светло: Милчо Александров
Дизајн на шминка: Златица Поповска
УЛОГИ:
Олга Коклова – Александра Мијалкова
Дора Маар – Мими Поп-Алексова Атанасовска
Ева Гуел – Ивана Коцевска
Мари-Терез Валтер – Саша Евтимова
Франсоаз Жило – Христина Наќевска
Поштарот – Мирослав Митрашиновиќ
Слаткарот – Балаж Лашеи
Пријателот – Агим Бафтии
Чевларот – Ендру Кук

ЕПИФАНИЈА

Бивајќи загледан во еден свој сон во Пикасовата слика „Госпоѓиците од Авињон“, врз платното слета една мува. Мувата, еднакво љубопитна колку и јас, почна да зуи насекаде по сликата, да прелетува од еден до друг нејзин крај, да ја испитува со кураторска прецизност. За разлика од мене, мувата имаше можност да го допре платното, на нејзината текстура да ги остави своите отпечатоци врз боите и низ формите. Допирајќи ја сликата, мувата одново ја создаваше,зуејќи.

Во тој миг од сонот го скицирав текстот „Госпоѓиците од Авињон‘“ – Сашо Димоски, либретист



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.