Во рамките на “Бит фест“ синоќа во Битола, во концертната сала на Офицерскиот дом, се одржа концерт за глас, кларинет и пијано со Весна Гиновска – Илкова-сопран, Ристо Ѓоревски-кларинет и Елена Атанасовска – Ивановска – пијано.
Нивната програма беше исполнета со дела од P. Шуман за кларинет и пијано, арија од операта “Gianni Schicchi” од Џ. Пучини, дела од В. А. Моцарт, А. Гргин, Б. Ковач, Ф. Шуберт и А. Пјацола.
Македонскиот сопран Весна Гиновска Илкова, за неа велат дека го има најсофистицираното пијано и специфична вокална креација по која се препознава секоја нејзина изведба и интерпретација на музичко сценско дело.
Елена Атанасовска – Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Република Македонија и работи како доцент по корепетиција и практика на Факултетот за музичка уметност- Скопје.
Ристо Ѓоревски во 2018 заврши специјализација за изведба на кларинет на Музичкиот универзитет Шопен во Варшава, Полска и истата година на Интернационалниот фестивал Клариманиа во Вроцлав, Полска учествуваше како прв учесник од Македонија каде што се претстави со рецитал, предавање и мастерклас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.