Како завршна активност од 20. Меѓународна стрип колонија „Велес 2023 “ потпишан е меморандум за стрип соработка меѓу организациите коишто биле вклучени на стрип колонијата оваа година.

Томе Трајков од „Стрип Центар на Македонија“ информираше дека потписници на меморандумот се организации од земјава, Унгарија, Словачка, Полска, Чешка, Косово, Црна Гора и Србија.

Tрајков, кој е координатор на овие проекти, појасни дека соработката ќе се состои од меѓусебно информирање за активности на органанизациите-потписници, меѓусебно информирање за стрип настани коишто се случуваат во земјите од каде што се организациите-потписници, како и подготовка и имплементација на заеднички проекти со коишто ќе се настапува пред различни донатори и фондови.

-Како и досега, така и сега, „Стрип центарот на Македонија“ cо седиште во Велес континуирано создава стрип мостови помеѓу повеќе  земји. Со ова воспоставена е соработка меѓу земјите од Вишеградската група: Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, така и земјите од Западен Балкан, со можност за вклучување и на други земји и организации, изјави Трајков.

Петтата меѓународна стрип колонија „Велес 2023” се одржа од 23 до 27 овој месец во Куќата на Касапови, попозната како Куќа на уметноста во стариот дел на Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.