Вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде отворена постхумна изложба на македонскиот ликовен уметник Ристо Соколов-Сокол под наслов „Некогаш и денес“. Станува збор за неговиот последен официјален работен циклус на реализирани ликовни дела, кои досега не се излагани во Скопје.

Ристо Соколов е роден во с. Дреново, Кавадарци на 16 април 1957 година. Училиште за применета уметност отсек графика завршил 1978 година во Скопје. Факултет за ликовна уметност, на отсекот графика кај проф. Димитар Малиданов и графички дизајн кај проф. Костадин Танчев Динка дипломирал во 1988 година, како студент на генерацијата во отсек графика.

Поважни самостојни ликовни изложби:

– 2014 Музеј Галерија Кавадарци
– 2013 Музеј Галерија Кавадарци
– 2013 Ликовна галерија Велес
– 2012 Музеј Неготино
– 2011 Музеј Демир Капија
– 2011Уметничко студио “Сокол Арт“ Кавадарци
– 2010 Дом на култура с. Дреново
– 2009 Дом на култура Кавадарци
– 2004 Музеј Галерија Кавадарци
– 1999 КИЦ Скопје
– 1998 Музеј Галерија Кавадарци
– 1988 Штипско културно лето Штип
– 1988 Младински дом Кавадарци
– 1980 Кикинда, Србија

Поважни групни изложби:

– 1974-2015 Сите групни и Годишни изложби/Зимски салони на Друштво на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК)
– Учество на неколку Годишни изложби на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ)
– 2011 Групна изложба на автори од Тиквешијата по повод “Свети Трифун“ во Уметничко студио “Сокол Арт“ Кавадарци
– 2008 Интернационален ликовен караван со колекцијата на Тихомир Кондев
– 2008 Тиквешки ликовни уметници во Дом на култура Кавадарци
– 2007 Денови на македонските Домови на култура во Дом на култура Ново Село
– 2007 “Култура е“ изложба на дела изработени на ликовно сценски перформанс на Градски плоштад Кавадарци
– 2003 Изложба на дела изработени на ликовен хепенинг на Градски плоштад Кавадарци
– 2000 Групна изложба во МКЦ Скопје
– 2000 Групна изложба во Центар за култура Охрид
– 1994“Пред дождот“ Дом на култура Штип
– 1987 Чачак, Србија
– 1986 Сараево, Босна и Херцеговина
– 1986 Групна изложба во МКЦ Скопје
– 1985 Белград, Србија
– 1985 Ивањица, Србија
– 1985 Сараево, Босна и Херцеговина
– 1984 Белград, Србија

Учествувал на 30-ина меѓународни ликовни колонии.

Поважни награди и признанија:

– 1985 прва награда за графика на XVIII Ликовна колонија на студенти на ФЛУ од СФРЈ
– 1987 награда на ФЛУ Скопје за најдобар студент на генерацијата
– 2000 прва награда за идејно решение за знаме на општина Кавадарци
– 2004 прва награда за лого на манифестацијата “Тиквешки гроздобер“ Кавадарци
– добитник е на повеќе откупни награди за идејни решенија од областа на графичкиот дизајн
– 2013 Добитник на највисокото општинско признание на Кавадарци од областа на културата и уметноста, наградата “7 Септември“

Останато:

– Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1990 година
– Еден е од основачите на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК) во 1974 година
– Беше Претседател на ДЛУК од 2007 до 2014 година
– Во одредени, пократки и подолги периоди од животот, престојува и твори во Белград (Србија), Њујорк (САД), Париз (Франција), Берлин (Германија), повеќе градови на приморјето во Хрватска, Петрич и Мелник (Бугарија), Скопје и др.
– Поголемиот дел од животот живееше и работеше во Кавадарци
– Самостоен ликовен уметник од 2009 година
– Почина на 14 февруари 2015 во Кавадарци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.