СВР Охрид поднесе кривична пријава против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ поради основано сомнение дека сторил кривични дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), 47-годишното лице од Радовиш минатата година во својство на директор на ЦК „Григор Прличев“, и нанел штета на установата во износ од 104.200 денари.

Во периодот од 2022 година досега, во својство на директор на ЈУЦК „Григор Прличев“, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на Уредбата за издатоци за службени патувања и селидби во странство на органите на управата, во повеќе наврати за приватни потреби патувал надвор од РМ, со што нанел штета на установата во износ од 104.200 денари, се вели во соопштенито на МВР.

извор: Охрид 1



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.