Поради огромниот интерес за детскиот балетски спектакл „Петар Пан“ најавени се уште две претстави, веќе следниот ден: во сабота, 1 април, на денот на шегата и маските, од 11ч и од 13ч. Локацијата е иста: Националната опера и балет. Петар Пан, капетанот Кука, Ѕвончица, Венди, индијанци, пирати.., ги повикуваат децата да дојдат маскирани и да ја гледаат претставата, сите заедно да станат голема сцена и на вистински начин да го прослават 1 април: маскирана публика, маскирани актери, многу забава, музика, заразни сонгови што се паметат, танцување…

Заедно, од деца за деца, бидејќи во Петар Пан учествуваат по 57 деца (во двете постави) од балетското студио „Арт Балет“. Зад магичноста на претставата е потпишан тимот составен од Ристо Самарџиев- сценарио и сонгови, Ирена Лозинска – кореографија и режија, Тамара Ѓурчиновска од балетското студио „Арт Балет“, костимите се на Елена Вангеловска, сценографијата на Љупчо Јованов а музиката на Владимир Дојчиновски -Дојчин. На сцената ќе ги видиме и Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау, гостите при балетскиот ансамбл на НОБ. Продукцијата на „Петар Пан“ е на М- Соунд. Билетите можат да се набават на mktickets.mk, Југотон и Литература.мк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.