Во Македонскиот народен театар вечерва од 21 часот ќе се одржи „Поетроника“, музичко-сценски електронски акт изведен во живо од страна на неговите творци, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе.
Покрај спецификата дека станува збор конкретно за македонско поетско творештво опфаќајќи ги хронолошки сите генерации поети, „Поетроника“ се разликува од сите досегашни слични обиди во самиот пристап кон наративот и се труди да ги избегне стереотипите за тоа како се интерпретира и каква музичка форма прилега на едно поетско изразување. Длабоко интимна и емотивна симбиоза од електроника, амбиент, џез-елементи и драмска нарација лишена од баналност и патетика, велат од МНТ.
Митковски вели дека гледачите на 8 јуни ќе присуствуваат на исклучително топол, пријатен, едноставно убав, редок и во многу нешта автентичен музичко – сценски акт. Според него целиот продукт има далеку поголемо културолошко значење за овој простор и ова време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.