Владата на седницата ја разгледа и усвои и Информацијата од Министерството за култура за реализација на меѓународната изложба „105 години Требениште“ во Националниот археолошки институт со Музеј при БАН во Софија.
Националната установа Археолошки музеј на Република Македонија, во соработка со Националниот археолошки институт со Музеј во Софија, Република Бугарија и со Народниот музеј на Србија во Белград, ја организираше меѓународната изложба со наслов „100 години Требениште“, којашто се одржа во Скопје од февруари до август 2019 година, по што е договорено продолжување на соработката во рамките на овој проект. Требениште, како што е посочено во образложението од ресорното министерство е прв и можеби единствен пример на локалитет што е истражуван од три земји, промовиран преку три музеи, од Скопје, Белград и Софија, а изложбената поставка содржи предмети што се поврзуваат со животот крај брегот на Охридско Езеро уште од VI до IV век пред нашата ера и коишто ја покажуваат хронологијата на досегашните истражувања на некрополата Требениште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.