Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за 1 јуни закажа редовно изборно собрание кога се очекува членството да избере нов претседател и претседателство на писателската асоцијација која денеска одбележа 77 години постоење.

Кризата во која се наоѓа ДПМ се должи на внатрешни поделби – антагонизам меѓу повозрасни и помлади членови, дури и поделби меѓу членови од Скопје и од внатрешноста, а дека нападите по социјалните мрежи во изминатиот период често се од луѓе кои и не се членови на ДПМ и чија намера е да му наштетат. Како што рече, има и „странични удари, има и странски мешетарења и притисоци, но и домашни – партиската подвоеност има влијание врз ова друштво, рече актуелниот претседател, Христо Петрески.

Реагираше и поради негрижа на државата да му помогне финансиски и третманот што го добива како обично здружение. Тој порача дека ДПМ треба да биде гласот на македонските писатели и заедно да се изборат за многу нешта кои, како што истакна, во минатото му припаѓале на македонскиот писател, „а сега тој самиот треба да си ја реши судбината“.

Срамно е тоа што се случува во оваа организација, која е еснафска, па и синдикална.  Покрај мене има многумина истомисленици и нема да дозволиме ДПМ ниту да исчезне, ниту да пропадне ниту да се разнебити… Да сме поорганизирани и посложни и да не се критикуваме по медиуми, треба да се избориме за авторските хонорари кои се никакви, за третманот во медиумите, треба македонските писатели да гостуваат во странство, да излезат од локални рамки, истакна Петрески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.