„Пикник на фронтот“ во режија на Андреј Цветановски е новата премира во Драмски театар Скопје која ќе се одржи на 28 ноември во 20 часот. Автор на текстот е Фернандо Арабал.
Улогите во претставата ги толкуваат: Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Филип Трајковиќ, Дамјан Цветановски, Стефан Вујсиќ и Соња Стамблџиоска.
Сценографија е на Сергеј Светозарев, костимите се на Раде Василев, а избор на музика го направи Димитар Андоновски.
Војната е чудовиште кое голта се пред себе, земји, градови, населби, квартови, згради, фамилии, луѓе… И не застанува пред ништо. Од тој момент сите амбиции, желби, соништа стануваат далечни и нормалниот живот како и да не постоел, само потребата да се преживее. Оваа претстава е за такви луѓе, на кои им е смачено да живеат по правилата на преживување, туку сакаат да си играат со животот и да се обидат од војната да направат своја игра која ќе им биде терапија. Низ нивната приказна да раскажат колку е војната страшна, секогаш завршуваат во своите трауми од војната и настанот кој што ги одредил како луѓето кои се сега, или лушпи од тоа што биле порано. Низ борбата да се остане човечен и да се сонува ќе ја раскажеме приказната за тие сенки од луѓе кои сеуште се обидуваат да опстојат. Бидејќи деновиве додека се работат последните проби на оваа претстава, во Македонија се подготвува Самитот на ОБСЕ, би сакал да ги поканам сите државници од “цивилизираниот“ свет да ја погледнат претставата, можеби, само можеби, така ќе имаме помалку лушпи од луѓе заради неа, заради војната, вели режисерот Андреј Цветановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.