Од 20-ти до 24-ти јули во Охрид ќе се одржи петтото издание на Фестивалот на нов европски филм „Beach Film Festival“.

Фестивалот ќе се одржи на четири локации, односно на плажата „Славија“, Музејскиот културен центар „Лапидариум“, предворјето на црквата на црквата „Св. Софија“ и на бродот „Армада“.

Од „Beach Film Festival“ го најавија и тричленото жири, Срѓан Драгојевиќ, Фред Келемен и Кавех Захеди кое ќе одлучува за наградите „Голем бран за најдобар долгометражен филм“.

Отворањето на фестивалот ќе се одржи во предворјето на црквата „Св. Софија“ на 20-ти јули со почеток од 20 часот и 30 минути. За време на целиот настан предвидени се филмски проекции, музички настапи и работилници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.