Драмски театар Скопје го отстапува својот простор како поддршка на независната сцена. Вечерва со почеток во 20:00 ќе може да го погледнете перформансот „Бура и продор“.
Автор и режија: Теа Беговска
Продуцент: Скупи Фестивал
Улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим
Перформанс произлезен од 6 дневна работилница на интернационалниот театарски фестивал СКУПИ.
Театар. Шест актери. Еден телефон. Влезете во светот на шест актери кои го чекаат својот повик. Чекајќи го повикот, секој од нив добива шанса да се соочи и да ја раскаже својата бура.
Перформансот „Бура и продор“ се занимава исклучиво со актерската професија и со лични бури поврзани со актерството и театарот, прикажани преку разни драмски и комични ситуации, ставајќи акцент на изразувањето преку движење. „Бура и продор“ – перформанс кој говори за актерот, пред се’ – човек кој бурно се носи и бори со своето време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.