Патувачкото кино на „МакеДокс“ в понеделник го започнува тринаесеттото патување кое ќе се одржи во два дела. Првиот дел од 18 до 24 јули ќе се реализира во Струмичкиот регион, додека вториот дел е во септември во Преспанскиот регион.
Од „МакеДокс“ посочуваат дека проекциите во понеделник ќе започнат во селото Пиперево, по што Патувачкото кино ќе продолжи во Вељуса (19 јули) во Моноспитово –21 јули, во Босилово (22 јули) и Габрово (23 јули).
Сите проекции се бесплатни и ќе започнат во 21 часот.
Магаренцето ќе носи приказни, но и ќе собира. Ќе собира приказни од правнуците на комитите на југоистокот чии прадедовци ги предизвикале светските медиуми да пишуваат за Македонија со месеци уште во првата година од 20. век. Ќе собираме приказни за мравјалниците, блатото, ендемската флора, но и за одсекот на македонскиот петвековен крик – приказната за првото модерно киднапирање во светот, велат од „МакеДокс“.
Во рамки на Патувачкото кино ќе се одржи и првата сесија од четвртата генерација на школата за млади документаристи – „ДокуНикулци“. Тие на Патувачкото кино ќе се запознаат со документарниот филм, ќе развиваат свои приказни, ќе работат на нив во текот на годината и ќе ги прикажат на следното издание на фестивалот „МакеДокс“.
Патувачкото кино е поддржано од Агенцијата за филм, Националната фондација за демократија од Вашингтон и општините Струмица, Босилово и Василево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.