Парите од продадените билети за концертот „Гајрет“ кој ќе се одржи в четврток ќе бидат донирани како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција, објави Филхармонија.
Овој четврток (9 февруари), оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Гајрет“ на кој како солисти ќе настапат македонската перкусионистка Мојца Седеу и гостите од Турција – Бурџу Карадаг (неи) и Ајкут Коселерли (перкусии). Диригент е Лубнан Баалбаки, а на програмата се Концерт во два става за солист на удиралки и оркестар од Љубомир Бранѓолица, Концертот за неи и оркестар „Хезафрен“ оп 39 од Фазил Сај и Симфонија бр. 8 од Антонин Дворжак.
Бројот на загинати во големиот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија денеска се искачи над 5.000, покажаа официјалните податоци, а спасувачките тимови се уште трагаат по преживеани под урнатините.
Најмалку 3.419 луѓе загинаа во Турција и 1.602 во делови на Сирија под контрола на владата и бунтовниците, со што вкупниот број достигна најмалку 5.021, соопштија официјални лица и медицински извори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.