Во организација на Францускиот институт-Скопје в петок (18 март) ќе биде отворена изложбата „Париски рефлексии“.
Отворањето е закажано во 12 часот во Чифте амам, а ќе бидат изложени дела на познати домашни уметници кои биле под директно влијание на париската школа, меѓу кои Личеноски, Лазески, Мартиноски, Пандилов…
Изложбата на македонските основоположници кои живееле и работеле во Париз меѓу двете светски војни се организира по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Франкофонијата.
На публиката и на љубителите на уметноста ќе им се обратат директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими, амбасадорот на Франција во Македонија, Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.