Независната културна асоцијација РЕМОНТ од Белград, позната по својот динамичен и авангарден пристап на современата уметност низ општествената призма, учествуваше на панел дискусија на фестивалот „Битола отворен град“.

Разговорот се фокусираше на улогата и предизвиците со кои се соочуваат младите уметници денес. Марија Радош, Мила Стојановиќ и Невена Остојиќ ја истакнаа дигиталната ера како неверојатен предизвик, но зборуваа и за новите сложености кои “бараат” од уметниците да се движат низ пејзажот на платформи и технологии кои брзо се менуваат, на свој оригинален начин. РЕМОНТ е познат по своето залагање за поддржувачки екосистем кој вклучува менторство, можности за вмрежување и пристап до ресурси, осигурувајќи дека младите уметници можат да напредуваат и да ги изразат своите гласови во денешниот брз глобализиран уметнички свет.

Живееме на простор кој потешко поттикнува експериментирање, но тренира издржливост, оттука ваквите формации се важни за следните генерации на уметници да ги поместат границите и да ја редефинираат уметноста, истакна Љубица Ангелкова која беше модератор на дискусијата.

Трите говирнички забележаа дека иако дигиталните платформи го демократизираа пристапот до уметноста и го проширија досегот на младите уметници, тие исто така воведоа нови комплексности. Брзата еволуција на технологијата и социјалните медиуми бара од уметниците постојано да се прилагодуваат и развиваат нови вештини за да бидат релевантни, а образованието од областа на уметноста кај нас не се бават со дигиталното време.

Покрај дискусијата за технолошкиот напредок, панелот се осврна и на социо-економските бариери со кои често се соочуваат младите уметници.

Белградски РЕМОНТ е познат по јасните ставови поврзани со креаторите на политики, а и кон секторот кој треба да создаде поинклузивна и одржлива уметничка заедница.

Вечерта, во дворот на МКЦ Битола кој беше локација за овој панел свој сет имаше DJ Chico.

фото | Диоген Хаџи Коста Милевски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.