Овации во полната сала Tonhalle Düsseldorf во Дизелдорф… за концертите за отворање на сезоната со Симфонискиот оркестар и маестро Алпеш Чауан!, напиша на видеото кое го сподели нашиот пијанист Симон Трпчески.

Трпчески одржа три концерти на отворањето на сезоната на Симфонискиот оркестар на Дизелдорф (30 август-2 септември), каде под диригентската палка на британскиот маестро Алпеш Чауан учествуваше во изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.