Македонската министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и нејзината хрватска колешка, Нина Обуљен Коржинек, во Загреб потпишаа програма за културна соработка меѓу министерствата на двете држави што го опфаќа периодот од 2022 до 2025 година.

Костадиновска Стојчевска истакна дека македонската и хрватската култура „добро се познаваат“ бидејќи со децении работат заедно и се надополнуваат.

Негуваме искрени односи базирани на доверба – истакнала македонската министерка додавајќи дека силните врски и поддршката се особено важни за европската перспектива на Македонија.

По потпишувањето на програмата за културна соработка, министерките за култура го отворија македонскиот Културно-информативен центар во Загреб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.