10. јубилејно издание на изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА ќе се одржи во четврток 27.10.2022 со почеток во 19:00 часот во изложбениот салон на Кинотека на Република Македонија.
Ова јубилејно издание на изложбата се состои од најдобрите 27 фотографии кои изминатите 9 години од 2013 па до 2022 победувале на Фото -Конкурсот „Со љубов од Битола“, а покрај нив
ќе имате можност да ги погледнете и 24-те фотографии, дела на 17 фотографи, кои ја сочинуваат изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2022 на тема „Архитектонските симболи на Битола“.
Овој проект е реализиран од страна на Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура од Битола, а финансиски е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Општина Битола преку Бит – Фест.
Кинотека на Република Македонија е партнер на проектот кој овозможи негово поставување и реализација на изложбата во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.