Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска ќе биде отворена годишната изложба „Сè што ни е заедничко“ (Sa so si amenge jekhethane/All That We Have in Common) во партнерство со најзначајната манифестација за современа уметност – Европското биенале „Манифеста“.

Куратори на изложбата се Мустафа Асан, Мо Диенер, Мира Гаќина и Јованка Попова.

Уметници чии дела ќе бидат изложени на оваа поставка се: Дилејн Ле Бас (Англија), Ахмет Кадри (Македонија), Сеад Казанџиу (Албанија), Лубош Котлар и Роберт Габрис (Словачка), Рома Џем Сешн Уметнички Колектив – Мустафа Асан, Мо Динер, Милена Петровиќ (Македонија/ Швајцарија/Србија), Нихад Нино Пушија (Босна и Херцеговина/Германија), Андре Јено Рацш (Германија), Емилија Ригова (Словачка), Цеија Стојка (Австрија), Ден Тарнер (Англија) и Дурмиш Ќазим (Македонија).

Покрај изложбата во рамки на проектот дефинирана е и паралелена програма.

На самото отворање на изложбата, уметничкиот колектив „Рома Џем Сешн“ ќе промовираат публикација „Морфирање на ромското етикетирање“, објавена од oncurating.org и ќе имаат партиципативен перформанс „Detox Switzerland Detox Europe – Meditation on the History of the Roma in Switzerland“. Низ групна медитација публиката ќе има можност да доживее холистички пристап кон современата историографија и наратив на Ромите во Швајцарија, преку обука за ментална и физичка агилност и стабилност на рамнотежа. Привремената заедница се замислува себеси како лабораторија за лекување на затегнатите односи во нашето општество на безбеден простор, соопштија од МСУ.

Изложбата ќе биде отворена до 20 февруари 2023 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.