Изложбата насловена „Првите 30 години“ на уметницата Касиопеја Наумовска ќе биде отворена вечерава, во 19 часот, во галеријата на Кинотеката. Поводот за изложбата е тридецениското нејзино творештво.Таа ќе се претстави со 42 дела.

Генералниот наслов за оваа изложба е „Првите 30 години“ професионално ликовно учество во и вон државата. На изложбата ќе бидат претставени 42 дела, најмногу сработени во последниве три години. Распонот на годините од создадените слики е од 1996 па се до 2023 година. Гледајќи според просторот на галеријата немаше можност а и потреба да се изложат дела со монументална димензија. Оваа изложба ми значи како лично заокружување на три децениско творештво, сосема доволно да се одбележи, вели Наумовска.

Таа е родена во 1968 година. Во 1993 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во класата на проф. Рубенс Корубин. Во 2016 година магистрирала Студии за култура на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје. Има реализирано над 40 самостојни изложби и перформанси во земјава и странство. Учествувала во над сто меѓународни групни изложби во САД, Канада, Бугарија, Турција, Грција, Полска. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата за сликарство „Петар Мазев“ од Друштвото на ликовни уметници, во 2003 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.