Денеска, на втори откомври, во Галерјата на Младнски културен центар (МКЦ) ќе биде отворена заедничката изложба со наслов „Небоглед“ на уметниците Татјана Ристовска и Борче Богоевски .
„Небоглед “ е насловот на заедничката изложба на Татјана Ристовска и Борче Богоевски каде ке го претстават својот најнов концепт, материјализиран во дела изработени во различни медиуми, слики и скулптури.
Татјана Ристовска е родена 1981 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2007 година, на педагошки отсек, со насока вајарство во класата на проф. Станко Павлески, каде се здобила со Награда за најдобар студент на генерацијата 2001-2005год на Факултетот за ликовни уметности, педагошки оддел. За време на студиите работела како студент-демонстратор по вајарство на Педагошкиот оддел при Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 2009 година е една од основачите на уметничката група и уметнички простор Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.во Скопје. Во 2012 во соработка со шест колешки ја основа уметничката група МОМИ со која реализираат голем број на изложби. Во нејзиниот творечки опус има учествувано на бројни групни и две самостојни изложби.
Во 2013, заедно со Борче Богоевски е основач на брендот КЕРАКАМИКА и истоименото студио за изработка на керамички уметнички предмети и производи, каде редовно одржува работилници за деца и возрасни од областа на керамиката.
Борче Богоевски е роден во 1981 година во Скопје. Дипломира во 2007 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсек сликарство со насока конзервација и реставрација во класата на проф. м-р Благоја Маневски. Тој е еден од основачите на уметничката група и уметнички простор Art I.N.S.T.I.T.U. Скопје (2009-2011) каде учествува во два проекта: „Обид 0“ Културен Центар АРТ И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. Скопје 2009. „Let`s Fuck Them With Purple“ Културен Центар АРТ И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.2009 Скопје. Во 2017 година станува член на Друштвото на Ликовни Уметници во Македонија. Неговите дела се претставувани на бројни групни и шест самостојни изложби.
Во неговата уметничка практика инкорпорира длабоки езотериски кодови преку чија визуелизација ни ја доближува неговата постојана потрага по вистинската суштина на постоењето. Работи во повеќе сликарски техники и медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.