Во понеделник, 22 јануари во 20 часот во Галеријата МКЦ ќе биде отворена изложбата „Кризата Игра” на Игор Станоески.

Игор Станоески a.k.a ИГИ МАН е мултимедијален автор, музичар, композитор-аранжер, текстописец, академски скулптор и продуцент. Роден е на 02.07.1986 во Скопје, завршува средно училиште за применета уметност отсек применето вајарство Лазар Личеноски – Скопје во 2004, дипломира на Факултетот за Ликовни Уметности – Скопје , на отсекот вајарство во класата на Жарко Башески во 2013 година. По дипломирањето работи паралелно на уметнички истражувања во насока на спојување на класичните медиуми во мултимедијална целина која опфаќа звук (музика) , форма (скулптура) , цртеж и боја. Првите интернационални референци ги добива во сферата на музиката и аудио-визуелните проекти , меѓутоа подоцна акцентот на неговото творештво се доближува кон традиционалните ликовни медиуми како сликарството и вајарството низ повеќе самостојни и групни изложби во земјава и надвор. Во 2017 година го официјализира своето творештво отворајќи ја фирмата “ Креативна работилница ИГИМЕН “ со дејности, создавање и издавање на аудио записи и креирање на уметничко творештво.

Изложбата претставува внатрешно патување низ дефектите на сегашноста. Кризата како персонификација на механиката на хаосот, наспроти хармонична светлина. Струја за програмирање на колективот и истовремено алатка за кршење на индувидуализмот. Патот низ кризата е синтетизирано трансформиран во игра за оние кои успеваат да ја преживеат.

Досега има изложувано во повеќето галериски простори низ Македонија, како и надвор од државата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.