Факултетот за ликовни уметности (УКИМ) и оваа година учествува на годишната изложба „Професори и студенти”. Изложбата ќе биде отворена на 14 јуни (петок), во 19 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ).
Настанот има цел да стави акцент на широкиот спектар од наставни програми со кои располагаат приватните и државни универзитети во Македонија, да ја потенцира разликата меѓу нив, како и да ги актуелизира наставните потенцијали и квалитетот на нивните ученици со дела од областа која ја студирале. Изложбата, всушност ќе биде еден селектиран избор на веќе етаблирани, но и автори чијшто потенцијал допрва ќе се развива, уметници од различни генерации, сликари, графичари, фотографи, скулптори, илустратори, но и претставници од модниот дизајн и индустрија, кои посветено работат на полето на визуелните уметности години наназад.
Изложбата ќе биде отворена до 29 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.