Во скопската галерија „Ел Греко“ е отворена изложба на дела од Трајче Чатмов на која се претставении дваесеттина слики работени во последната година во техниката акрил на платно. Сликите досега не биле изложувани. Дел од нив се продолжение на циклусот „Интимно понирање“, но има и дека една нова колористична гама.
Создавањето уметност врз почва полна со „храна“ е убаво. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да го има предвид времето во кое таа е создадена. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да ги има предвид општествените услови во кои таа е создадена. Нема добри услови за создавање уметност. Добрите услови се отаде уметноста. Диктатурата е едно од местата во кои се создавало уметност. Медиумскиот „розов“ мрак исто така. Мракот и светлината се услови во кои е подеднакво создавано. Мракот и светлината се како просторот и формата. Просторот ја дефинира формата. Сликарството кога е различно има можност да биде објаснето. Почитта е етички-ликовен момент. Сликарството има моќ да учи. Без учење нема сликарство. Рефлектирањето вон сликарството е утопија. Рефлектирањето во сликарството е историја или повеќе можни истории. Еднаш напишав: „Предзнаењата се одлични“ и „Легендите се за читање“. Сега дополнувам: „Читајте ги сликите на Чатмов“, вели за изложбата скулпторот и универзитетски професор Гоце Наневски.
Трајче Чатмов (1971 г.) ја започнува академската наобразба во 1992 година, со запишување на Факултетот за ликовни уметности во класата на професорката Ана Темкова. Своето усовршување го продолжува повторно во областа на уметноста, но овој пат проширена во делот на филозофијата и своите постдипломски студии ги завршува под менторство на професорот Родољуб Анастасов – сликарство и филозофија (естетика) под менторство на професорот Кирил Темков. Имал самостојни изложби во Скопје, Велес, Битола, Врање и во Белград (Србија), а учествувал и на повеќе групни изложби низ Македонија и надвор: Германија, Полска, Словенија, Србија, Бугарија, Дубаи… Покрај со сликарство, се занимава и со фотографија, анимиран филм и документарен филм за што и има добиено неколку награди во 1997/8 година (најдобра камера и најдобра режија за краткиот документарен филм „Времиња“). Разговаравме за творештвото, инспирацијата, искуствата од пандемијата…
Изложбата под наслов „Интимно понирање“ деновиве беше отворена во галеријата „Ел Греко“. Станува збор за неизложени дела, но колку се на број и колкав период ги работевте?
Станува збор за дваесетина дела работени во изминатата година во техника акрил на платно.
Ќе речете дека овие слики имаат нова колоритна гама…Кажете ни нешто повеќе за инспирацијата, колоритот, од каде идеите за ова интмно понирање?
Да несвесно, ја имам сменето малку колоритната гама .Едноставно некако таа експесија сум ја смирил со понеутрални тонови иако да бидам . Секако ненамерно бидејќи сликам онака како што во моментот чуствувам и го сликам она што во моментот ми е инспирација и потик , го сликам тоа што ќе ме предизвика . Обично никогаш не се држам до една тематика , на моменти дури кога ќе ги погледам сликите што сум ги насликал во низа се целосно контраверзни една со друга мислам на мотивот. Но во секој случај се ,,интимно понирање,, заради моментот на интимност во приказната или приказот кој го работам вдахнувајќи го најинтимниот момент на својата несвесност.
Изминатиов период го одбележа пандемијата која остави трага на секој од нас. Се одрази ли на Вашето сликање?
Пандемијата во секој случај остави белег на сите нас колку и да сме свесни или не , но искрено оној момент на изолација и затвореност не ми беше тежок ,напротив ми отвори простор да се свртам кон себеси и да изработам солидна бројка на слики која минатата година ја изложив , а оваа изложба е продолжеток на тој циклус.
Какви поуки извлековте од овој период што е зад нас?
Изминатиов период не само за мене туку и глобално беше период во кој во кој што имавме прилика да ја согледаме и видиме целата несовршеност на човекот како свесно битие , имавме можност да ги видиме сите аномалии како на самиот поединец така и на општеството кое сме го создале. Можевме да ги согледаме сите лаги и вистини, затоа што човекот кога е затворен и ја нема слободата му преостанува само да се сврти кон себеси и конечно да почне да размислува за суштинските работи на опстојувањето.
Сликарството има моќ да учи, вели Гоце Наневски во каталогот за Вашата изложба. Што учите Вие од сликарството?
За мене сликарството е начин на моја нарација , пошто нели има некои работи кои што неможеш да ги искажеш со зборови па така се обидувам преку визуелизација да си ја раскажам мојата приказна.
Покрај сликарството, се занимавате и со фотографија, но сте автор и на анимиран и документарен филм. Дали подготвувате нешто ново од овие дејности?
Да сум се занимавал и со други медиуми , но , што знам секогаш тоа сум го правел од моментален потик , она што тогаш сум сакал да го прикажам или кажам сум сметал дека најдобро така ќе биде раскажано , дали филм, фотографија, анимација или слика некако ми нема лично значење , па одтаму и неможам да кажам за некои наредни планови , едноставно оставам во уметноста да ме води алтерегото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.