Осмото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“ овојпат во фокус ќе ја има темата „Попреченост“, а ќе се одржи од 1 до 3 септември во Младинскиот културен центар (МКЦ) и локалот Бруталиск.
Фестивалот ќе биде отворен на 1 септември, петок, со промоцијата на книгата „Мост на бурната река“, односно разговор помеѓу Далибор Талајиќ и Денис Јанкуловски, кој ќе започне во 19 часот во МКЦ.
Во 20 часот ќе биде доделена наградата во рамки на фестивалот, овојпа на писателот Синиша Туциќ, по што ќе следува проекција на филмот „Расфрлани пасворди“, а потоаи разговор помеѓу наградениот Туциќ со уредникот и организатор на фестивалот, Никола Гелевски.
Првата фестивалска вечер ќе биде заокружена со концерт на скопскиот бенд „Звук Караџиќ“.
Веќе на 2 септември, сабота, фестивалот ќе продолжи со промоција на 95-тото издание на книжевното списание „Маргина“, која ќе започне во 19 часот во МКЦ, по што ќе следува разговор со писателката Драгана Младеновиќ и Фросина Крушкаровска.
Потоа, во 20 часот, ќе биде промовирана сликовницата „Седум конци на сонцето“ на Младеновиќ и Инес Георгиевска, во чии рамки ќе има и проекција на анимирана верзија на сликовницата.
Втората вечер од фестивалот „Друга приказна“ ќе заврши со сеќавање на писателите Дубравка Угрешиќ и Давид Албахари, а свои омилени исечоци ќе читаат македонски писател(к)и и уметници, лауерати на книжевниот фестивал. Настанот ќе започне во 21 часот, а водител ќе биде македонскиот писател Живко Гроздановски.
Третата, а воедно и последна фестивалска вечер ќе се одвива во скопскиот локал Бруталиск, каде фестивалската програма ќе трае од 18 до 22 часот.
Ќе бидат претставени три детски книги за попреченост, односно „За копчето и среќата“ од Јасминка Петровиќ, „Гуш и бац“ од Зоран Кардула и „Цветната приказна“ од Ирена Поповска.
Потоа ќе следи предавање на Иван Велисављевиќ за „Инвалидноста на филм“, по што ќе следи дискусија и разговор со присутните.
Фестивалот ќе биде заокружен со проекции на филмови за попреченост, односно „Беласица“ од Марија Апчевска, „Роза“ од Маја Младеновска и „Тежок андерграунд“, Ново културно насеље, Нови Сад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.