Оперската претстава „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало ќе биде изведена вечер (20.00)  на сцената на Националната опера и балет.

Операта е во режија на Дејан Прошев, диригент е Бисера Чадловска, сценографија е на Илина Ангеловска, костимографијата на Никола Булески, кореограф е Олга Панго, концерт мајстор Јане Бакевски, а хор мајстор Ѓурѓица Дашиќ.

Свој настап ќе имаат Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Марјан Јованоски, Дејан Стоев и Васко Здравков, како и балетските играчи Ендру Кук од Велика Британија, Агим Бафтии и Меланија Гоцевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.