Драматичната опера „ПАЛЈАЧИ“ од  италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 8 април 2022 со почеток во 20.00 ч.

Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство…  ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценограф: Илина Ангеловска, костимограф: Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт мајстор: Јане Бакевски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Марјан Јованоски, Дејан Стоев, Васко Здравков, балетските играчи:  Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска.

Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 со важност од 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

Задолжително е носење на заштитна маска, информораат од Националата опера и балет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.