По подолго боледување во Истанбул почина уметникот Омер Калеши, на 90-годишна возраст. Тој беше исклучително позитивен пример за духовен свет врзан за вредностите на Балканот, човек кој што ги бранеше достоинствата на убавината на балканската цивилизација и сите културолошки соединувања наспроти наметнатите разединувања, пишува Националната галерија, која во својата постојана поставка во Даут пашиниот амам поседува две негови дела.

Во 2017 година во салонот за изложби при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) беше отворена изложба на делата на овој голем автор од Македонија со светска кариера, Омер Калеши, кои останаа во трајна сопственост во Македонија.

Тој обединува три балкански земји Македонија Албанија и Турција и трите ги смета за негова татковина, а Франција ја смета за негова уметничка татковина.  Неговата главна порака и како човек и како личност и пораката содржана во неговите дела е дека треба да се раскине со предрасудите и разликувањето на луѓето според религија,според етничка и национална припадност. На Балканот му е потребен дух на космополитизам. Треба заедно да живееме во слога и да се почитуваме, да бидеме меѓу себе толерантни и да се разбираме, рече на отворањето на изложбата Таки Фити.

Омер Калеши е роден на 1 јануари 1932 година во 1932 година во селото Србица, Кичевско. Татко му бил Албанец, а мајка му Македонка од исламска вероисповед. Матурирал отсек електроника при средното техничко училиште во Скопје во 1950 година, а шест години подоцна емигрирал во Турција. Таму влегува во светот на уметноста, поточно во 1959 година кога почнува со студии на Ликовната академија во Истанбул. За време на студиите, во 1962 година пет месеци патува низ Турција заедно со Ергин Колбек и Октај Аниланмерт. Извесни импресии од ова патување го инспирираат при креацијата на неговите платна (на пример: чобаните). Три години подоцна ги завршува студиите на Ликовната академија во Истанбул во класата на професорот Бедри Рахми. Се преселува во Париз каде живее и работи.

Неодамна починатиот академик Луан Старова напиша и книга разговори со него „Разговори со Омер Калеши, Скопје – Истанбул – Париз“.

Старамајка ми беше Македонка и од мајка ми ја се македонски су учел. Татко ми беше Албанец. Ја су со пасапорт турски, 35 години живеам во Франција… Не знам што су, само мене ме интересира човекот и уметноста. Така се осеќа“ – изјави Калеши во 2004 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.