На репертоарот на 21. CINEDAYS за 12.07.2022 (вторник) се следниве проекции:

ГТЦ Кров

20:30 часот

 

Одлука за заминување– Гала селекција

Сценарио и режија: Парк Чан Вок

 

Кога маж загинува на планина, случајот го добива детекти- вот Хе-Чон. Тој ја испитува Со-Ре, сопругата на починатиот, која е рамнодушна на смртта на сопругот, што ја прави со- вршениот виновник. Но чувствата што му се раѓаат за неа, го исфрлаат од колосек…

Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

 

Кино Милениум

20:30 часот

 

Тори и Локита – Гала селекција

Режија: Жан Пиер Дарден и Лук Дарден

Во Белгија денес, мало момче и девојка адолесцент, кои допатувале сами од Африка, ги здружуваат силите во не- победливо пријателство против суровите услови на нивниот егзил. Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

Кинотека

 

20:30 часот

Крпеница – официјална селекција

Режија: Петрос Чараламбоус

Хара си го сака семејство, но сеедно, понекогаш размислува каков би бил животот без нив. Колебливото пријателство со една сра- межлива и пркосна девојка неумоливо ја принудува да се соочи со својот егзистенцијален гнев и болното минато што се обидува да го заборави.

 

22:30 часот

Рез  – ретроспектива на Фатих Акин  

 

Мардин, 1915 година: една ноќ, турската полиција ги собира сите ерменски мажи во градот, меѓу кои и младиот ковач, Назарет Манугјан, кого го разделуваат од семејството. Неколку години подоцна, откако ќе успее да ги преживее ужасите на геноцидот, ќе дознае дека неговите две ќерки се исто така живи. Ќе се опседне со идејата да ги пронајде и тргнува да ги бара. Потрагата го носи преку месопотамските пустини и Хавана до соголените и пусти прерии во Северна Дакота. За време на оваа одисеја, тој среќава многу различни луѓе: добродушни луѓе со ангелско срце, но и луѓе што се вистинско олицетворение на ѓаволот.

МКС парк

21:00 часот

 

Перики – МК кратки

Режија: Ангела Димеска

 

Адам е срамежлив тинејџер, кој сѐ уште ја истражува својата сексуалност. Овој негов внатрешен конфликт доаѓа до израз кога оди кај својата девојка Лена и прави сѐ што е во негова моќ за да избегне сексуален однос.

 

Како го дозволивте ова?  – Официјална селекција

Режија: Јаир Ашер и Атамир Лапид

Јишај оди во посета кај семејство во Израел, во надеж дека ќе открие што со иднината. Се зближува со помладиот брат Омер, слободоумник по природа. Јишај наоѓа утеха во откачените и изненадувачки средби од минатото, но мора да ја земе предвид и својата иднина, како и климавиот однос со Омер.

Поп Ап кино

21:00 часот

Средно Водно

 

Злосторство на иднината – Гала селекција

Режија: Дејвид Кроненберг

Како што луѓето се приспособуваат на синтетичка среди-на, телото претрпува промени и мутации. Заедно со својата партнерка Каприс, познатиот уметник Саул Тенсер јавно ја прикажува метаморфозата на неговите органи преку аван- гардни перформанси. Тимлин, иследничка од Националниот регистар за органи, опсесивно ги следи нивните движења. Токму тогаш се открива мистериозна група… Нивната мисија е да ја искористат славата на Саул за да ја разоткријат след- ната фаза на еволуцијата на човекот.

Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.