Претставата „Да, инспекторе“ на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, а во режија на Синиша Евтимов ќе го отвори годинешното издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“.

Фестивалот ќе се одржи од 25 до 30 јуни на стадионот во Реонски Центар во Аеродром.

„Шесте ноќи ќе бидат исполнети со одлична забава и одлични претстави. Имаме две меѓународни гостувања, ‘Театар Славија’ од Белград и гостување од Бугарија на големиот национален театар ‘Иван Вазов’. Покрај нив, имаме и четири македонски групи – театри од Велес, Охрид, Струмица и од Прилеп“, вели Дарко Спасов, директорот на Театар Комедија во чија организација е фестивалот.

Репертоарот е следен:

25.06.2022 – „Да инспекторе“ во режија на Синиша Ефтимов

26.06.2022 – „Опасна љубовна игра“ (Позориште „Славија“, Србија) во режија на Велимир Митровиќ

27.06.2022 – „Прекрасна недела за крев коер“ (Народен татар „Иван Вазов“, Софија во режија на Здравко Митков

28.06.2022 – „Паника во хотел Палас“ во режија на Коле Ангеловски

29.06.2022 – „Слуга на двајца господари“ во режија на Ненад Витанов

30.06.2022 – „Енергични луѓе“ во режија на Александар Витанов

Картите се бесплатни и можат да се добијат почнувајќи од петок на пријавницата во Општина Аеродром, како и на билетарницата на Театар Комедија, секој ден, освен недела, а едно лице има право на две карти за конкретна претстава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.