Претставата „Прекрасна недела за Крев Коер“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Здравко Митков, а продукција на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија ја освои наградата за најдобра претстава на 9. Фестивал на комедија „Гола месечина“.

Наградата за најдобра режија ја доби Синиша Евтимов за претставата „Да, инспекторе (претстава со грешки)“ на театарот ,,Војдан Чернодрински“. Наградата за најдобра женска улога ја доби Катерина Чакмакоска за Пеце во претставата „Да, инспекторе (претстава со грешки)“, а за најдобра машка – Миљан Прљета за улогата на сликарот Даниел Л’Торел во претставата „Опасна љубовна игра“ од Бранислав Нушиќ – Театар ,,Славија“, Белград.

За наградите одлучи жири комисијата во состав: Несрин Таир, Ева Скендеровска и Сергеј Димовски. Фестивалот го организира Театар Комедија во соработка со општината Аеродром.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.