Од први јуни во МКЦ во Скопје ќе се одржи фестивал на јапонската култура, наречен Сакура фестивал.

Ова е единствен фестивал на јапонската култура во Македонија кој поврзува различни аспекти и различни таргет групи од културата на едно место со цел да се шират идеи за подобрување на нашето опшество. Идејата е да се унапреди културата во нашата земја преку преставување на таленти кои се инспирирани од јапонскиот дух, од интелектуалци, уметници, спортисти до занаетчии.

Програмата опфаќа уметност, мода, спорт, технологија, архитектура, градинарство, музика, занаетчиство, храна, и слично со присуство на звучни имиња. Во 11 простории во МКЦ ќе се одвиваат 45 активности во кои ќе учествуваат околу 200 лица. Јапонски гости ќе зборуваат за улогата на природата во јапонското секојдневие, ќе се зборува за одржлива архитектура, ќе има изложби на слики на познати уметници, музички перформанси (кинцуги балет, пијано концерт и Буто инспириран модерен балет) и презентации на млади македонски модни креатори.

Исто така, на фестивалот ќе се претстави значењето на јапонската церемонија за пиење чај, додека Шумарскиот факиултет ќе подготви јапонска градина, а Манса Бонсаи ќе претстави бонсаи изложба. Предвидени се и гејминг натпревари, работилници, базар на храна, јапонски кукли, книги и разни изработки и презентација на најпознатите јапонски боречки вештини.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.